Skip to main content

Четворица автори на „Македоника литера“ номинирани за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година

Дури четворица автори на „Македоника литера“ се кандидати за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година, која ќе биде соопштена на 1 април!

Номинирани автори, од кои „Македоника литера“ има публикувано дела, се:

Ѓин Бо, Кина,

Хуанг Беиѓиа, Кина

Сања Пилиќ, Хрватска,

Ана Хеглунд, Шведска, илустратор (и писател).

Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година ќе биде соопштена на 1 април во 13:00 часот по средноевропско време, во програма во живо од Стокхолм и на Саемот за книгата за деца во Болоња. Објавата во живо на веб-страницата: alma.se/en

Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ е најголемата светска награда за литература за деца и млади за возрасни (заедно со наградата „Ханс Кристијан Андерсен“). Создадена е во 2002 година од шведската влада за да го промовира правото на секое дете на големи приказни.

„Македоника литера од овие автори ги објави следните книги: Ѓин Бо: „Мирисливата птица“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Хуанг Беиѓиа: „Бадникова вечер“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Сања Пилиќ: „Баш сум хепи!“ и Улф Старг, Ана Хеглинд: „Умееш ли да свиркаш, Јохана?“

Поврзани вести