Skip to main content

Чешка вечер на Охридско лето со пијанистот Лукаш Вондрачек

Охридско лето

На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек.

Вондрачек е неприкосновент победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година. Тој повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот „Филхармонија“ и Лондонскиот симфониски оркестар и Оркестарот во Осло.

Соработува со некои од најголемите диригенти на денешницата, како Паво Јерви, Џанандреа Носеда, Јакуб Хруша, Јаник Незет-Сеген, Марин Алсоп, Кристоф Ешенбах, Класу Мекела, Манфред Хонек, Шиан Жанг, Васили Петренко, Ану Тали и Стефан Денев.

Оваа сезона се издвојуваат настапите со Симфонискиот оркестар на Луцерн и на фестивалот посветен на Дворжак во Прага, настапите со Симфонискиот оркестар од Бамберг и Јакуб Хруша на турнеја низ Азија, настапот со Симфонискиот оркестар од Чикаго со Марин Алсоп, Филхармонијата во Копенхаген под диригентство на Томас Даусгард, Филхармонијата „Јаначек“ со Даниел Рајскин и Прашкиот симфониски оркестар со Томаш Браунер.

На програмата се избрани дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак, Шуман.

Концеротот ќе се одржи на сцената на Катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Поврзани вести