
Народен театар – Битола ќе ја одигра претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ на Големо езеро, на врвот на планината Баба – Пелистер. Се работи се за едно од двете глацијални езера под познатиот планински врв, лоцирано на 2218 метри надморска височина. Оваа единствена изведба е закажана за 9-ти август во 22 часот.
Во претставата играат Александар Копања и Марјан Георгиевски, кој е и режисер на претставата.
Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Овие два лика застанати на работ на нивното постоење, ги овораат суштествените прашања за смислата на постоењето. Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и прочепкувате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес. Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата и колку ја злоупотребуваме, за автоцензурата и за предвреме откажаните од витинското битисување, за осаменоста, за заборавениот контакт, за тоа колку се изгубивме трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски поставуваме да за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми? Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее.
Организатори се Националниот парк Пелистер, НУ Народен театар – Битола и НУ Камерен оркестар на Битола.
Задолжителна е планинарска опрема а препорачано е обувките да се чевли или патики.