Skip to main content

„Бакнеж во Париз“- Концерт по повод денот на вљубените во Филхармонија

Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Бакнеж во Париз“ во чест на Денот на вљубените.

Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – градот на светлината е и град на љубовта. Тој е вечна инспирација за уметниците, место каде што се раѓаат безброј книжевни, филмски и музички љубовни приказни. Неговата препознатлива архитектонска убавина и дух создаваат мелодии исполнети со меланхолија, страст, нежност и романтична копнежливост.

Тие уметнички дела се огледало на среќни љубови, но и на оние напуштени, тивки и болни. Зашто љубовта е таква – возвишена и силна, понекогаш нежна, понекогаш болна, но секогаш длабока и искрена.

Денот на вљубените не е само уште еден датум во календарот. Тој е потсетник дека љубовта, во сите нејзини облици, му дава смисла на животот и на светот.

Ова е и денот на виното – пијалокот на боговите и еликсир на животот. Виното и љубовта одат рака под рака, поврзани преку бојата, мирисот, топлината и чувството што го будат.

Почитувани,

Уживајте во звуците на љубовта, фантазијата и копнежот, во музиката на бакнежите и прегратките, придружени со вино со боја на срце.

Дозволете си барем за миг да се префрлите во најубавите љубовни филмски сцени и да понесете со себе незаборавни впечатоци, велат оттаму.

Диригент:

Тимоти Редмонд

Солисти:

Фелисиен Брут, хармоника (Франција)

Ексел Сан -Сирел  – мецосопран (Франција)

Програма:

Ж. Бизе: „Кармен“ – Свита бр. 1: Прелудиум – Арагонеза (инстр.)

Ж. Бизе: „Хабанера“ од операта „Кармен“ (сопран)

Ж. Бизе: „Кармен“ – Свита бр. 2: „Боемски танц“ (инстр.)

Ф. Ваксман: „Островот на времето“ – Концерт за хармоника и симфониски оркестар

– Нека се отворат небесните порти!
– 
Нека се појави Изида, господарката на Филе!

– Нека се разбуди Сотис на својот хоризонт!

М. Легранд: „Ветерниците на твојот ум“
(од филмот „Аферата Томас Краун“) (арр. Џ. Емин) (инстр.)

Р. Портман: „Вијан ја отвора својата продавница“ (од филмот „Чоколадо“) (инстр.)

В. Ското: „Имам две љубови“ (сопран и хармоника)

Р. Портман: „Текот на времето“ (од филмот „Чоколадо“) (инстр.)

Ј. Тирсен: „Валцот на Амели“
(од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“)
(арр. Џ. Емин) (инстр.,хармоника)

Ж. ван Парис: „Плач на ридот“ (сопран, хармоника)

А. Жиро: „Под небото на Париз“ (сопран, хармоника)

Р. Галијано: „Танго за Клод“

А. Пјацола: „Јас сум Марија“
(од танго-операта „Марија од Буенос Аирес“) (сопран)

Поврзани вести