Skip to main content

Авторска вечер со хрватскиот книжевник, колумнист и критичар Борис Постников во КСП – Јадро

Денеска со почеток од 19:30 часот во културно-социјалниот простор Јадро ќе се одржи авторска вечер со хрватскиот книжевник, колумнист и критичар Борис Постников.

Настанот е дел од неговиот престој во Скопје во текот на април, во рамките на книжевната резиденција организирана од издавачката куќа Готен, со поддршка на европската мрежа Традуки. За време на престојот, Постников остварува средби со македонски издавачи, автори и читатели, како и учество на Саемот на книга.

Во рамките на резиденцијата, тој одржа и предавање на Филолошки факултет „Блаже Конески“, каде го претстави концептот „Книжевна република Југославија“ како модел за разбирање на заедничкиот книжевен простор во поранешна Југославија, инспириран од теориите за светска литература.

Постников е роден во Сплит (1979) и работи како новинар во неделникот „Новости“. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Постјугословенска литература?“ и неговото најново дело „Книжевна Република Југославија“ (2025), засновано на неговата докторска дисертација.

За време на престојот во Скопје, тој работи и на нова книга, посветена на историјата на хрватската порнографија. По Скопје, на 27 април ќе учествува на јавна дебата во Приштина, заедно со косовските интелектуалци Јетон Незирај и Шкељзен Маличи, посветена на унапредување на регионалната културна соработка.

Поврзани вести