Skip to main content

Баба краде цвеќе од гробот на загинатиот тапанар на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев – таткото објави видео

Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, повторно јавно реагираше поради, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син.

Тој на социјалните мрежи објави видео и емотивна порака во која наведува дека гробот на Ѓорѓи досега бил оштетен или ограбен дури 14 пати.

„14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да си, и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев.

Неговата објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓани изразуваат револт и бараат поголема заштита и почит кон вечните почивалишта.

Ѓорѓи Ѓоргиев беше меѓу жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, настан што длабоко ја потресе македонската јавност.

Поврзани вести