Skip to main content

„Арс Ламина“ ја донираше книгата „Шарени ириси“, на кирилско и на Брајово писмо во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје

Арс Ламина/ фејсбук

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја донираше книгата „Шарени ириси“, испечатена на кирилско и на Брајово писмо, во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.

На средбата, учениците читаа делови од книгата и се запознаа со авторката Јована Матевска-Атанасова. Сега, ова хибридно инклузивно издание ќе биде достапно за сите деца и младинци во училишната библиотека.

„Шарени ириси“ е нежна, лирска приказна за љубовта помеѓу татко и ќерка, каде светлината и темнината се во цврста прегратка.

Оваа сликовница минатата година доби награди за Најкреативно издание и Поттикнување општествена одговорност на Саемот на книга 2024!, велат од Арс Ламина.

Поврзани вести