Skip to main content

Агенцијата за филм го отвори конкурсот за долгометражен, краток, документарен и анимиран филм за 2026 година

Агенцијата за филм го отвори конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен игра, документарен и анимиран филм и краткометражен игран, документарен и анимиран филм.

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето е двапати годишно – во април и во октомври.

Право на учество имаат филмски продуценти регистрирани во РСМ со дејност производство на филмови (59.110). Студентски филмови не се прифаќаат. Ги охрабруваме сите филмски автори и продуценти да ги пријават своите проекти и да придонесат кон развојот на македонската кинематографија, велат од Агенцијата.

Посебен акцент се става на проекти од национален интерес, кои промовираат: македонски јазик и дијалекти, културно-историски вредности, деца и млади и мултикултурност, децентрализација и помалку застапени жанрови.

Агенцијата за филм обезбедува финансиска поддршка до 70% од вкупниот буџет за редовни проекти и до 90% за дебитантски и проекти од посебен интерес (со јасно дефинирани максимални износи по категории).

Пријавувањето се врши со пополнета пријава и задолжителна документација, доставена по пошта и електронски на: [email protected].

Сите детали, конкурсната документација и обрасците се достапни на: https://bit.ly/4a4LKjQ

Рокови за одлучување: Прв рок: пријави до 02.03.2026 (понеделник) и втор рок: пријави до 03.08.2026 (понеделник)

🔗

Поврзани вести