Skip to main content

18 млади балерини од „Булфрогс Балет“ ќе настапат со „Сонот на летната ноќ“ на финалето на младинското американско Гран при во Тампа, Флорида

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на „Булфрогс Балет“ на која беше информирана за работата и активностите на првото интернационално приватно училиште за класичен балет во земјава за деца и млади од 4 до 18 години.

Александра Никифоровски, уметничката директорка и основачка на училиштето ја запозна претседателката со повеќекратното учество и постигнатите успеси на балерините на реномирани балетски натпревари, како и со пласманот во финалето на Младинското американско Гран при, што ќе се одржи од 22 до 27 април годинава во Тампа, Флорида, каде треба да отпатуваат 18 млади балерини и да настапат со „Сонот на летната ноќ“.

Претставниците на „Булфрогс Балет“ ја истакнаа важноста на учеството во финалето на Младинското американско Гран-при и побараа поддршка во остварувањето на шансата нивните мечти да станат јаве, потенцирајќи дека се работи за уникатна шанса за прв пат, претставници на македонската балетска сцена да настапат на најголемиот балетски натпревар во светот и еден од трите најреномирани балетски натпревари глобално.

Претседателката ја поздрави нивната ретка посветеност, наградена со успех, изрази восхит и поддршка на талентираните балерини, како и очекување дека ќе се надминат предизвиците и ќе се овозможи нивното учество на престижниот балетски натпревар.

Поврзани вести