Skip to main content

Запален автомобилот на градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш

Автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален во текот на ноќта, пишува Скопје1.

Неофицијално настанот се случил околу 3 часот по полноќ, а постои и снимка од подметнувањето на пожарот, сигурносни камери го забележале маскираното лице кое истурило течност на возилото, по што се запалило. Ова го забележале сопствениците на возилото.Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид направила полицијата.

Поврзани вести