Skip to main content

Возило запалено на паркинг во Велес

Во СВР Велес, синоќа околу 19:35 часот било пријавено дека на паркинг простор на улица „Лазо Осмаков“ во Велес настанал пожар во патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Велес.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани вести