Skip to main content

Возач загина на патот Кочани-Виница

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Поврзани вести