Skip to main content

Возач загина на лице место откако излета од патот Битола – Демир Хисар

илустрација/МИА архива

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за с.Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(45) од с.Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, соопштија од МВР.

Поврзани вести