Skip to main content

Вкупно 107 казни за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери

Вкупно 107 учесници во сообраќајот се казнети минатиот месец во рамки на спроведувањето сообраќајни контроли на територијата на цела држава за санкционирање возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. 

Како што информира денеска МВР, од вкупно 107, 106 возачи се казнети за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Сообраќајните контроли ги спроведува Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи. 

Поврзани вести