Skip to main content

Утрово работник загина на градилиште во Охрид

Утрово во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот педесет и осумгодишниот Ѓ.Д. од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.

Поврзани вести