Skip to main content

Украдено оружје од сеф на „Паркови и зеленило“: Некој влегол со алат во бараките во Карпош

Огнено оружје е украдено од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Некој со сила и алат влегол во барака на подрачјето на општина Карпош, при што го скршил сефот и одзел оружје што го користела Службата за обезбедување.

Според пријавата, кражбата се случила во периодот меѓу 2 и 5 јануари 2026 година.