Skip to main content

Уапсено лицето што скрши стакло на бугарска Амбасада

Facebook/Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје го лишија од слобода Ш.А. (54) од Скопје, осомничен за оштетување на имот.

Според информациите од полицијата, осомничениот на 11 јануари ја оштетил стаклената површина на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. По пријавата за настанот, веднаш биле преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

По приведувањето, Ш.А. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани вести