
На 20.09.2025 во 16:35 часот, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада” на стариот пат од с.Чифлик за с.Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа бил изгаснат.
Н.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.