Skip to main content

Тројца тинејџери повредени откако со возило излетале од пат кај Демир Капија

Вчеравечер во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.

Во несреќата,  со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

Поврзани вести