
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.
Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен се и екипи од Јавно претпријатие Македонски шуми и голем број месно население. Една од најновите дојави е дека неколку куќи во селото Градец се изгорени, информира командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.