
На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Трапчиндол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така, патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево, информира МВР.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.