
Вчера во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 18.00 часот во село Митрашинци, беровско, на некатегоризиран пат, на место викано „Симоновски колиби“, И.Л.(64) од с.Митрашинци, управувајќи трактор излетал од патот и се превртел.
Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.