
Вчера околу 21:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“, управуван од 15-годишник од Струмица и мотоцикл „педа“, управуван од А.Н.(19) од с.Василево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 12-годишен сопатник од мотоциклот „педа“ од Струмица, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница во Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.