Skip to main content

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.

Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Поврзани вести