Skip to main content

Татко го тегнел, влечел и удрил синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

МВР

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик.

На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението.

Поврзани вести