Skip to main content

Уапсена скопјанка што ја заклучувала 13-годишната ќерка

МИА aрхива

Ноќва во 02:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала нејзината 13-годишна ќерка, која често ја држела заклучена во една од собите, соопшти денеска МВР.

За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи.

Од скопската полиција велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

Поврзани вести