Skip to main content

Свадба без младенци – матичар од Слупчане упишал непостоечки брак меѓу лица од Албанија и Унгарија

Freepik

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 65-годишниот И.З. од селото Слупчане, општина Липково, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според пријавата, во текот на 2023 година, И.З., во својство на службено лице – матичар, извршил упис на брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, иако таков брак воопшто не постоел.

При извршениот увид во книгата на пописни акти за 2023 година било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод од матична книга на венчани за двете наведени лица, со што било потврдено дека се работи за лажен упис.

Случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Поврзани вести