Skip to main content

Сопственикот на депонијата во Визбегово му го фрлил мобилниот на новинарот во огнот

принтскрин/4news

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје, му го одзел насилно мобилниот телефон на новинарот известувач на Алсат ТВ и го фрлил во огнот, затоа што претходно на истиот бил снимен физичкиот напад од негова страна над известувачот.

Обвинителството ја сослуша екипата на Алсат во својство на оштетени. Снимателот Шенол Хајредини изјавил пред истражителите дека бил нападнат од Николчев и неговата сопруга, додека новинарот Авни Тахири ги потврдил дејствијата на обвинетите, истакнувајќи дека бил нападнат, навредуван и дека му бил одземен мобилниот телефон. Двајцата обвинети, исто така, ја оштетиле и опремата на телевизијата, за која во судска постапка ќе треба да се утврди висината на надоместокот, објави Алсат ТВ.

Поврзани вести