
Полицијата на подрачјето на Карпош вчера го уапсила скопјанецот И.С., постапувајќи по претходна пријава од Р.М., која го пријавила И.С. дека и се заканувал и се обидел физички да ја нападне.
Вчера (05.09.2025) во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Р.М.(43) од Скопје, дека околу 10:00 часот во објект во кој и двајцата се вработени, додека извршувала работни задачи, И.С. и упатувал закани и се обидел физички да ја нападне, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.