
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(47) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, вработен во јавно претпријатие во Куманово, набавил фалсификувана диплома за завршено средно образование, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавното претпријатие за унапредување на работно место и стекнување со повисока работна позиција, како и зголемување на приходи по основ на повисока плата, додатоци и привилегии.