Skip to main content

Штипски „крајслер“ дрифтал по „Партизанска“, полицијата го одзеде

фото: МВР

– Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ноќеска околу 01:00 часот на булеварот „Партизански одреди“ одзеле патничко моторно возило „Крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава.

Како што соопшти денеска МВР,  на С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај.

Поврзани вести