
Судењето за случајот „Штекли“, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли.
Раде Трајковски пред почетокот на денешното рочиште рече имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.
-Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија, рече лекарката.