Skip to main content

Сериски криминалец од Скопје фатен во кражба на 10.000 евра од менувачница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, кој се сомничи дека на 20 март извршил кражба во менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“.

Според обвинителството, осомничениот ја искористил невнимателноста на вработениот, кој во еден момент накратко излегол надвор поради работни обврски. Тој влегол во менувачницата, брзо ги зел парите од благајната – вкупно 10.100 евра и веднаш побегнал.

Случајот бил пријавен во полиција, а осомничениот наскоро бил пронајден и уапсен. Јавниот обвинител информира дека лицето е познат сторител на кривични дела, претходно осудувано, а во моментов против него се водат и други постапки.

Со оглед на неговото криминално минато и ризикот од бегство, до Основниот кривичен суд Скопје поднесовме предлог за притвор, соопштија од обвинителството.



Поврзани вести