
Во Дебарско Езеро во близина на градската плажа се удавила жена на 40-годишна возраст.
Жената била забележана од две лица кои ја извадиле од вода и се обиделе да ја реанимираат, но, безуспешно.
По повикот, веднаш пристигнала екипа на Брза помош од Општата болница со проширена дејност. Дежурниот лекар само констатирал смрт. На телото на жената немало траги на насилство, потврдија од полицијата.
Извршен бил увид од полиција и дежурен обвинител, телото било дадено на обдукција.