
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тинејџерот Саит Саитов, кој во петокот прегази и усмрти жена во скопската населба Капиштец, уште пред речиси една и пол година опасно дивеел по улиците со автомобил „Фолксваген Пасат“. Саитов нема возачка дозвола.
Саитов по трагичниот настан избегал од Македонија со помош на татко му и неколку други лица, а по него е распишана централна и меѓународна потерница.
На спорното видео, објавено на социјалните мрежи, се гледа како тогаш малолетниот Саитов управува со автомобил со огромна брзина низ населено место. Според достапните информации, во моментот на снимањето тој имал само 17 години.
Откако медиумите ја објавија оваа вест, Саитов ги избришал сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го отстранил описот од профилот, а потоа го сменил и корисничкото име.

Македонски




