
Вечерва имаше пукање на градскиот плоштад во Штип, објави „4 news.mk”. Според неофицијалните информации двајца студенти – државјани на Турција се пресметале во кафуле.
Безбедносните камери пак го фатија и моментот кога едно од момчињата пука кон другото лице.
„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, објаснија од МВР