Skip to main content

Протестираат и бараат да добијат возачка дозвола без да полагаат, знаеле да возат, а немале пари за часови и инструктор

Граѓани главно од ромска националност излегоа на протести во Битола, во Штип и во Кочани за одземените возила поради возење без положен возачки испит, а според членот 297 од Кривичниот законик „за безобѕирно управување со моторно возило“.

Во Битола беше блокиран магистралниот пат за Ресен кај населбата Баир, а потоа се протестираше и во самиот град, додека во Кочани се собраа во населбата Трајаново Трло, на улицата „Цветан Димов“.

Заеднички именител за сите три протеста е незадоволство од одземеното „средство за работа“, со кое казнетите заработувале за леб за своите семејства. Демонстрантите на некои локации палеа гуми и расфрлуваа ѓубре заради попречување на сообраќајот.

Некои од тие што протестираа во Битола побараа и да добијат возачки дозволи без полагање испит, бидејќи веќе знаеле да возат, а немале пари да платат за часови со инструктор и за самиот испит.

Поврзани вести