Skip to main content

Приведен велешанец, намерно предизвикувал пожар

Фрипик

Вчера во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести