
На патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близината на ресторанот „Саваро“, попладнево околу 18 часот, се преврте приколка од камион. Сообраќајот е во прекин, се чека дигалка со која превртената и искршена приколка ќе се отстрани од патот.
Од СВР Штип го потврдија настанот и информираа дека на местото на несреќата е испратена увидна екипа, која треба да ги утврди околностите под кои дошло до превртувањето на приколката.
До завршувањето на увидот, возилата се пренасочуваат кон алтернативни патни правци.