Skip to main content
ОЈО ГОКК:

Претреси за лихварство и перење на пари низ Скопје!

МВР

Од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција известуваат дека се вршат претреси за лихварство и перење на пари низ Скопје.

„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, едници на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје.

Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари.“

Полицијата утрово спроведува силна акција против голема мрежа на перење пари и лихварство. Според неофицијални информации, Мвр, преку Одделот за организираниран криминал при БЈБ и во тесна соработка со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК утрово во обемна акција низ Скопје, се прават претреси на повеќе од 15 тина локации. Откриена е и во тек е сузбивање на силна криминална мрежа – група на лица и фирми кои переле пари и се занимавале со лихварство и останати незаконски активности. Според неофицијалните податоци се работи за околу 2 милиони евра, црни пари, кои биле внесувани во легалните финансиски текови и се купувало недвижен и подвижен имот. Полицијата и конкретни јавни обвинители отвараат ново поглавје во битката против организираниот криминал, а државата конечно тргна кон најсветото на криминалците – нивното богатство, ваквите акции ни даваат надеж дека ќе се зададат силни удари по финансиските империи на криминалците и конечно ќе се запленат и одземат нивните добра.

Поврзани вести