
Полицијата вчера извршила претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, каде се пронајдени оружје и муниција. Во овие претреси лишени од слобода се четири лица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани го лишија од слобода Д.М.(41). При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар.
Во битолското село Цапари вчера полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(44) затоа што во неговиот дом пронајдени се пет пушки, четири пиштоли, како и 39 парчиња муниција од различен калибар.
Во крушевското село Пресил вчера полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Крушево го лишиле од слобода И.Р.. Врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се две рамки за пиштол и муниција различен калибар.
Исто така, како што информираат од МВР, вчера во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, полициските службеници го привеле З.М.(58) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје.
По документирање на настаните, од МВР најавуваат дека против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.