Skip to main content

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Принтскрин од видео

Причина за пожарот што избувна попладнево во Струмица е запалено стрниште, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на фејсбук напиша дека пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница.

Пожарот е настанат од стрниште. Последниот период гори трска и останата вегетација, дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гасењето на пожарот. На терен се екипи на противпожарните служби од Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци“, информираше Ангелов.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на фејсбук напиша дека пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница.

Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“, напиша Костадинов.

Поврзани вести