Skip to main content

Полициски хеликоптер тип АБ212 ангажиран во гаснење на пожарот кај Визбегово

Полициски хеликоптер тип АБ212 дејствува со ведро врз пожарот кај Визбегово, соопшија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ).

Претходно беше соопштено дека авион „ер трактор“ на ДСЗ е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи.

Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.

Пожарот избувна утрово, а во првичната изјава дадена за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески информираше дека интервенираат со четири возила.

Густиот чад од пожарот се гледа од неколку страни на градот, а граѓаните споделуваат слики и видео на социјалните мрежи.

Поврзани вести