Skip to main content

Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица

Канал 5

Почина 16-годишното момче кое на 14 септември се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи во село Марино, општина Илинден, во која беше вклучен џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, јави Канал 5.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.Ј. од Гевгелија, и мопед со кој управувал 16-годишник од село Идризово, скопско.

Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле младиот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. За жал, и покрај напорите на лекарите, 16-годишникот подлегнал на повредите.

Возачот на џипот, С.Ј., и неговиот 25-годишен сопатник од Вевчани се здобиле со полесни телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата спроведува истрага за утврдување на причините за несреќата.

Поврзани вести