
Уапсен 52-годишен маж од струшко, фатен е при обид да опожари сува трева и грмушки.
Од МВР информираат дека вчера во 13:30 часот на патот Струга – село Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.Д.(52) од Калишта. Тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки.
При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.

Македонски



