Skip to main content

Петмина повредени во судир на патот Битола – Прилеп

Вчера во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с.Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,„фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од с.Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани вести