Skip to main content

Петмина повредени во судир на „ауди“ со полициско возило во Аеродром

Вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.

Како што соопшти МВР, во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“, Б.Ј.(73) од с.Марино, скопско и возачот и двајца полициските службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести