
На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера попладне околу 16.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, а учествувале две патнички возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повредените биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствени установи во Скопје, каде им била укажана соодветна медицинска помош.
На местото на несреќата веднаш извршил увид Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, кој истражува причините за судирот.
На овој патен правец и денеска има густа магла и намалена видливост поради што АМСМ апелира на внимателно возење.

Македонски






