Skip to main content

Пет дена пред да биде грабната Вања, „цитроенот“ заедно со „кангуто“ тргнале од Велес за Скопје

На 22 ноември 2023 година од камерата на една куќа од Велес е извадена снимка која може да помогне во расветлување на убиството на Панче Жежовски. Денеска е презентирана на рочиштето на кое се прикажуваат видеодокази за случајот со убиствата на 74-годишниот велешанец и 14-годишната Вања Ѓорчевска.

На снимката прикажана од Обвинителството се гледа дека во 10 часот и 5 минути, возилото „рено кангу“ минува пред куќата. 14 секунди потоа на истата локација минува и „цитроенот“.

Овој датум е важен бидејќи тогаш е убиен Панче Жежовски.

На друга снимка од хотелот „Романтик“ кај езерото Младост“ кај Велес во 10 часот и 15 се гледа „кангуто“, а по него и „цитроенот“ на Жежовски како заминуваат во правец кон Скопје.

Поврзани вести