
Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо на денешното рочиште за убиствата на Вања Шорчевска и Панче Жежовски се повика на исказот на сведокот и началник Стојан Кујунџиески, кој ги одзел материјалите од камерите од хотел „Романтик“ кај Велес, а во кои точно е избројано колку лица се забележуваат на снимките.
При преглед е утврдено дека од камерите што го покриваат стариот пат од 22.11 2023 година во 10 часот и 15 мин се забележува „рено кангу“ со две лица внатре и „цитроен“ кој се движи кон Скопје и се забележува едно лице.
Ова е доказ кој ОЈО Скопје не го доставило во листата на докази, а доставило други девет. Манев и Кешишев изјавија дека никој не бил присутен во задниот дел на Кангуто. Со тоа се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три а не четири лица. Исто така не е идентификувано доаѓањето на Кангуто во Велес по регионалиот пат се до 12 часот. Не постои доказ за доаѓање на Кангуто во Велес критичниот ден и точен број на лицата во возилото, а тоа се три лица, тврди Палевски.